Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБА ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА: Забележан е пад на извозот

СОСТОЈБА ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА: Забележан е пад на извозот

Забележан е пад на извозот во првите 4 месеци од оваа година. 

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари - април 2020 година, чини 99.769.778  илјади денари и бележи пад од 21.5  отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари - април 2020 година, изнесува 141.252.880 илјади денари, што е за 16.5  отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70.6 отсто, а трговскиот дефицит, е 41.483.103 илјади денари.

Во трговската размена најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). 

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Слично

Поврзани вести