Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБА ВО БУГАРИЈА: Над 20 луѓе во карантин, се следат сомнителни случаи

СОСТОЈБА ВО БУГАРИЈА: Над 20 луѓе во карантин, се следат сомнителни случаи

Во Бугарија две лица се следат поради сомнеж дека се заразени со коронавирус. 

Во Воената медицинска академија (ВМА) во Софија ноќеска се примени две лица кои пристигнале од Италија и се под надзор затоа што имаат минимални симптоми слични на грип, вели генералниот директор на ВМА Венцислав Мутафчијски.

Од Романија доаѓаат лажни вести, дека во градот Русе има жариште на коронавирусот, но бугарските здравствени власти велат дека тоа не е точно.

Во меѓувреме, 21 човек се ставени во карантин, од кои две биле во Кина, а останатите во Италија.

Две деца, од 1 и 3 години, од Нова Загора се на Клиниката за заразни болести при Универзитетската болница „Проф. Д-р Стојан Киркович “- Стара Загора. 

Нивните родители биле во јужна Италија. Утрото е однесен примерок во референтната лабораторија во Софија, резултатите биле негативни за новиот коронавирус.

Слично

Поврзани вести