СОСТОЈБА ВО АВГУСТ: Која намирницa поскапе најмногу?
Земјоделските производи во август, во просек, биле поскапи за 12,1 насто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). Најголемо зголемување има кај компирот, кое достигнува 76,6 отсто. Зад него следат овошјето и грозјето со 32,8 насто, додека зголемувањето на цените кај зеленчукот е 6,2 насто.
Кај растителното производство во целина е регистрирано зголемување за 14,2 насто, а кај животинското производство 6,5 насто.
Житата и оризот поскапеле за 3.4 отсто, а вината за 4.3 отсто.foto freepik.com
Слично
