Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ: Црна Гора денес почнува пристапни преговори со НАТО

СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ: Црна Гора денес почнува пристапни преговори со НАТО

Црна Гора денеска ги почна преговорите за приклучување кон НАТО, соопштија на сајтот на Алијансата.

„Со почетокот на преговорите Црна Гора денес направи значаен чекор кон членството во НАТО“, се вели во соооштението.

Според истото преговорите ќе покријат политички, воени и правни прашања.

Следниот чекор по разговорите за членството на Црна Гора е земјите од Алијансата да потпишат Протокол за пристапување, по кој земјата треба да добие покана за учество на состаноците на организацијата.

Подгорица ќе стане полноправна членка, откако сите земји од НАТО ќе го ратификуваат Протоколот.

Според црногорскиот министер за одбрана Милица Пејановиќ-Гуришиќ преговорите најверојатно ќе продолжат до април месец.

Слично

Поврзани вести