Сослушувањето на Јанкулоска одложено, на судијката и се слошило!
Денешното сослушување на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е одложено на неодредено време.
Причината за одложување на исказот, како што велат од Судот е поради што му се слошило на судијата пред кого таа давала исказ а морала да интервенира и Брзата помош.
По излегувањето од Судот, Јанкулоска негираше вина за случајот во кој се товари, образложувајќи дека не е виновна.
„Јас не сум сторила никакво кривично дело по однос на случаите кои СЈО веќе ги најави со отворање истраги, ниту пак по било кој друг предмет што може ќе го конструираат. Кога не сте сторител на кривично дело нема потреба да се чувствувате виновен и јас не се чувствувам виновна ниту по првиот, ниту по вториот случај. Додека бев на функција јас работев чесно и поштено, само во интерес на Македонија - категорично изјави Јанкулоска.
Таа не сакаше да ги коментира одлуките на Судот.
„За денешното рочиште да оставиме судот сам да си каже и да ја извести јавноста. Јас очекувам СЈО да отвори случаи, затоа што тоа е нивна мисија и тоа е нивна политичка агенда. Не е прашање колку случаи ќе отворите, туку колку и на кој начин ќе ги затворите, а за сето тоа останува судот да одлучи како ќе бидат тие предмети затворени“, потенцирала екс мнистерката.
Инаку, Јанколска е дел од осомничените во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство која доби мерка претпазловост, а денеска судот требаше да одлучи дали ќе и биде одземен пасошот.
