Соседна земја се пофали со ниска инфлација
Соседна Албанија се пофали со ниска инфлација. Таа е во подобра позиција од другите држави на Балканот, тврдат тамошните власти.
Албанската министерка за економија и финансии Делина Ибрахимај изјави дека инфлацијата кај нив минатиот месец била пониска од стапката на инфлација во земјите од регионот.
Како што јави дописничката на МИА од Тирана, инфлацијата во јули изнесувала 7.5 отсто. Додаваат дека поради војната во Украина, секаде има поскапувања на храната.
За споредба Србија имаше 12.8 отсто инфлација. Македонија забележан инфлација од 16 отсто.
foto freepik.com
Слично
