СОСЕДНА ЗЕМЈА ИЗГЛАСА: Родителите на деца под 12 години ќе работат скратено или од далечина за време на летниот распуст
Кај источниот сосед родителите на деца под 12 години ќе работат скратено или од далечина за време на летниот распуст.
Парламентот на Бугарија денеска на прво читање изгласа вакви измени.
Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“.
Досега Законот за работни односи предвидуваше можност родителите на деца под осум години да имаат флексибилно работно време. Овој предлог им овозможува на родителите и старателите на деца до 12 години да имаат корист од ова, но само за време на летниот распуст.
foto freepik.com/Drazen Zigic
Слично
