Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соседна Србија поддржа санкции против Белорусија

Соседна Србија поддржа санкции против Белорусија

Србија воведе санкции против Белорусија. 

Србија се усклади со санкциите кои Европската Унија(ЕУ) ги воведе кон Белорусија во април поради нејзината вмешаност во руската инвазија на Украина. 

Со одлуката на Советот на ЕУ од 8 април, Србија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина ќе ги усогласат своите национални политики како кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ, стои во соопштението на високиот претставник на ЕУ од 22 април.

Земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска зона, како и Украина се усогласуваат со санкциите против Минск, а ЕУ ја забележува таа заложба и ја поздравува.

Ова е втор пат Србија да почитува санкции на ЕУ во врска со војната во Украина. Одлуката на Советот на ЕУ од 8 април наметнува секторски санкции врз финансискиот и транспортниот систем на Белорусија. 

Официјалниот став на Белград е дека Србија ги почитува основните принципи на меѓународното право и во таа смисла територијалниот интегритет на Украина, но земјата не се вклучи во санкциите кон Русија.

Српската премиерка Ана Брнабиќ неодамна изјави дека честите дојави за поставени бомби, кои се случуваат во земјата, претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не вовела санкции кон Русија. 

Екипи на српското Министерство за внатрешни работи до 13 часот извршиле увид во вкупно 224 училишта на териториите на Нови Сад, Ниш и Лесковац по претходно добиена дојава за поставена експлозивна направа, при што било утврдено дека се лажни. 

Западот воведе санкции за Русија и Белорусија поради војната во Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести