Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соседите бараат сезонски работници-шанса за работа на море

Соседите бараат сезонски работници-шанса за работа на море

Ако отсекогаш сте имале желба да знаете како изгледа да се работи во близина на море, сега може да ја остварите.

Сезонската работа за таква прилика е идеална а предност е што соседна Грција е близу и има потреба од сезонски работници.

Собарки, чистачки, девојки за работа во таверна се дел од огласите кои ги најдовме на социјалната мрежа Фејсбук.

За да се пријавите треба да знаете англиски јазик, а пожелно е и грчки. Платата се движи околу 750 евра а добивате обезбедено престој и храна.

Ви пренесуваме дел од огласите:

* Потребна е собарка со познавање на грчки јазик за чистење на соби и таверна на Крит. Плата 700 евра. Обезбедено сместување и храна. Тргнување веднаш.

*Потреба е собарка за на Лефкада. Потребно познавање на англиски јазик ил грчки. Плата 700 евра. Има обезбедно сместување и храна.

*Потребни две собарки за работа во Грција. Плата 700 евра. Работата е до крај на сезона, Сместување и храна обезбедени.

*Потребна е жена на возраст до 40 години за на островот Лос за чистење и миење садови во кујна. Плата 700 евра. Обезбедено сместување и храна. Само со ЕУ пасош.

*Потребна е девојка или жена за работа во кујна (чистње, миење садови) во таверна на Карпатос. Познавање на грчки е задолжително. Плата 800 евра, има обезбедно храна и сместување. Почеток на работа 5 јуни.

Повеќе информации, огласи и контакт може да најдете тука.

Слично

Поврзани вести