Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соседите Албанија и Бугарија сакаат стабилизација на Македонија

Соседите Албанија и Бугарија сакаат стабилизација на Македонија

Нашите соседи Бугарија и Албанија се заинтересирани за тоа што се случува во Македонија и посакуваат стабилизација на државата.

Ова го изјави албанскиот министер за надворешни работи,  Дитмир Бушати по вчерашната средба со шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов во бугарската престолнина.

Бушати кажа дека во Македонија е неопходно да има политички дијалог,  кој ќе доведе до решавање на кризата. Додава дека постојат критериуми коишто се утврдени уште за време на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, и се однесуваат како за Македонија, така и за сите други земји кои би сакале да и пристапат на Алијансата.

Митов вели дека приклучувањето на Црна Гора и другите земји од регионот во Алијансата би значело повеќе сигурност.

Слично

Поврзани вести