Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сосед прогласи крај на ковид пандемијата

Сосед прогласи крај на ковид пандемијата

Министерството за здравство на Србија издаде наредба со која се прогласи крај на епидемијата на заразната болест Ковид-19 (СОВИД-19). Како што е објавено во новиот Службен весник објавен на 14 февруари, оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во тој документ.

„Се прогласува крај на епидемијата на заразната болест СОВИД-19, епидемија од големо епидемиолошко значење за територијата на Република Србија“, се вели во објавената наредба потпишана од министерот за здравство Златибор Лончар на 7 февруари, пренесува Танјуг.

Во Србија првиот случај на коронавирус беше потврден на 6 март 2020 година во Бачка Топола, а на 15 март 2020 година на предлог на претседателот Александар Вучиќ беше прогласена вонредна состојба во целата земја. Народното собрание на Република Србија ја укина вонредната состојба на 6 мај 2020 година.


Слично

Поврзани вести