Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОРОС ВО ДАВОС: „Еу се распаѓа, Русија е слаба, а јас губам“ !

СОРОС ВО ДАВОС: „Еу се распаѓа, Русија е слаба, а јас губам“ !

Европската унија се распаѓа, а бегелската криза и наштети на германската канцеларка Ангела Меркел, оцени милијардерот и инвеститор Џорџ Сорос.

Тој, на Светскиот економски форум во Давос вчера порача дека паниката е присутна во европската политика на азил.

Сорос кој е роден во Унгарија, смета дека бегалската криза и наштетила на Меркел.

„Сакаше да ја запре (бегалската криза) па го ризикуваше својот политички капитал и изгуби, бидејќи нејзиниот гест на отворање на Германија не бил подготвен да одговори“, порачал Сорос.

Сорос оценил дека Кина ја чека „тешко приземјување“, што ќе и допринесе на глобалната дефлација.

„Тоа е неминовно, но Кина ќе успее благодарение на огромните девизни резерви“, рекол милијардерот.

Сорос рекол дека забавувањето на Кина кое потекнува од презадолженоста, се пренесува на остатокот на светот. Кина заедно со падот на цените на нафтата и сировините, се основни причинители на дефлацијата.

Основачот и шеф на „Сорос фонд менаџмет“ вели дека изгубил на индексот  S&P 500 и дека сега не е момент за купување. Како што вели тој држи долги позици во американските државни обврзници.

Сорос рекол и дека Русија е во многу „слаба позиција“ и верува дека има доволно резерви за само „уште неколку години“.

Слично

Поврзани вести