Сорос: Пазрот оди кон колапс, предизвици на финансиска криза како онаа од 2008 година
Пазарот се насочува кон колапс, сличен на оној за време на финансиската криза од 2008 година, предвидува еден од најуспешните инвеститори на сите времиња Џорџ Сорос.
„Кина има сериозни проблеми“, коментира Сорос пред финансискиот магазин Bloomberg.
„Би рекол дека проблемите на Кина одат кон криза. Кога погледнав кон финансиските пазари, гледам сериозни предизвици, слични на оние од 2008 година“, коментира Сорос од Шри Ланка.
Коментарите му станаа реалност во момент кога трговијата на кинеските берзи беше запрена уште еднаш, само 870 секунди по лансирањето на трговијата (14 минути и половина). Кинескиот широк индекс CSI 300 се намали за 5% за тој период, со што се активира сигналот за затворање при сериозен пад во првите 15 минути на трговија.
Кога ограничувањето беше укинато, показателот загуби нови 2% од својата вредност и конечно беше затворен за трговија за денот.
Сорос е познат по своите големи девизни влогови. Тој доби популарност во 1992 година, откако направи залог во износ од 1 милијарда долари, дека Велика Британија ќе мора да ја девалвира националната валута.
