Сорос им „објави војна“, Кинезите го исмејуваат!
Кинеските државни медиуми го критикуваат Џорџ Сорос и останатите трговци со валути поради вршење притисок на јуанот, обвинувајќи го дека и „објавил војна“ на кинеската валута.
Овој богат инвеститор на годишниот Светски економски форум во Давос минатата недела рече дека кинеската економија, која бележи најслаб раст во последните 25 години , уште ќе паѓа.
Тој рекол дека дефлацијата и преголемиот долг се причинители за паѓањето на кинеската економија, пренесе АФП.
Кинескиот јуан воглавно е стабилен и строго под контрола на државата, а во последните неколку месеци е изложен на притисок на меѓународните пазари и последица на одливот на капитал. Властите потрошиле стотина милијарди долари за да ја одбранат неговата вредност.
Државната агенција Синхуа пренесе дека Сорос во минатото неколкупати предвидувал економски проблеми во Кина.
„Или трговците не ја направиле домашната задача или намерно се обидуваат да создадат паника и да извлечат профит“, се наведува во извештајот.
Кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“ пишува дека западњаците не прифаќаат одговорност за проблемите во светската економија.
Гласилото на Комунистичката партија на Кина „Народен дневник“ на насловната страна го измева „објавувањето на војна на кинеската економија“.
Студијата многу пати е споделена на социјалните мрежи.
Сорос го сметаат за одговорен дека со своите трговски акции допринел за финансиската криза во Азија во 1997 година.
