Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сорос го сели богатството во Европа

Сорос го сели богатството во Европа
Soros Fund Management, фамилијарната канцеларија на милијардерот менаџер на хеџ фондови Џорџ Сорос, ја намали изложеноста кон американските акции во четвртиот квартал. Сорос управува речиси 30 милијарди долари преку својата компанија. Тој пресели околу 2 милијарди долари во компании во Азија и Европа, тврди запознат со неговата стратегија извор. Компанија со седиште во Њујорк имала поврат од околу 8% за 2014 година и ја зголемила вредност со 1,5% оваа година, изјавил изворот за Bloomberg кој побарал да остане анонимен. И други менаџери на големи хеџ фондови зедоа слични решенија за американските акции, откако поевтинувањето на нафтата нанесе удар врз енергетските холдинзи. Некои фондови ја концентрираа продажбата на компании за нафта и гас. Appaloosa management на Дејвид Тепр има 2,74 милијарди долари помалку во американски акции во четвртиот квартал, што е 40% пад во однос на минатото тримесечје. Moore Capital Management на Луис Бекон, која се проценува на 14,8 милијарди долари, имаше 2,3 милијарди долари помалку во американска вредност на крајот на годината во однос на крајот на септември, покажуваат извештаите пред регулаторите. Некои менаџери како Леон Куперман, остануваат настроени "шпекулативно" спрема САД, а други очекуваат поголем профит на друго место "Очекуваме европските и јапонските пазари да се претстават подобро од американскиот во текот на годината", изјави Куперман кој раководи со Omega Advisors. Очекувањата за уште парични стимулации од Европската централна банка, како и слабото евро и изгледите за стабилни добивки, придонесуваат за пренасочувањето на парите преку океанот. Паневропскиот индекс Euro Stoxx 600 пријави најдобар јануари од 1989 година, бидејки се искачи со 7,3% со реинвестирање на дивиденди. Јапонскиот репер Nikkei 225 се зголеми за 3,1% оваа година, а американскиот Standard & Poor's 500 - со 2,3%. Минатиот квартал S & P 500 порасна за 4,4%. Сорос има лично богатство од 26 милијарди долари, покажуваат пресметките на Bloomberg. Неговата компанија има 186 позиции во САД на 31 декември, покажуваат податоците од регулаторот, што е за речиси една третина помалку во однос на минатото тримесечје. К.К.
Слично

Поврзани вести