СОРОС ГО ФРЛА ПОСЛЕДНИОТ КЕЦ: Дупла кладба на крахот на …
Американскиот милијардерски инвеститор Џорџ Сорос го извлече и последниот кец од ракавот двојно зголемувајќи ја својата кладба на крахот на индексот на Њујоршката берза S & P500.
Сорос до слава и богатство дојде кладејќи се против фунтата во 1992 година, пишува Волстрит журнал.
Овој 86-годишен унгарски бегалец објави дека до 30 јуни го зголемил влогот против главниот индекс S & P500, кој ги опфаќа акциите на 500 најголеми американски компании, ставајќи на продајната опција (put option) 4,0 милиони акции од својот Фонд од првичните 2,1 милион акции.
Така наречената „Пут опција“ му дава на инвеститорот (купувачот, опција) право, но не и обврска, да ги продаде тие акции во иднина по утврдена цена во одреден рок. Тоа значи дека Сорос дебело ќе профитира ако индексот S & P 500 „колабира“, наведува Волстрит журнал.
Во меѓувреме, фондот на Сорос исто така остро ги намалил своите позиции во златото, распродавајќи мнозинство акции кои во последниот квартал ги купил во компанијата „Барик голд“, најголем светски произведувач на злато, и драстично ги намалил своите позиции во златниот ЕТФ фонд кој го основал Светскиот совет за злато.
Милијардерот исто така објавил дека продолжил да ја повлекува својата изложеност кон Кина, која ја означил како епицентар на следната финансиска бура, распродавајќи ги своите позиции во „Шлумбергер“, најголемата светска компанија по пазарна вредност која нуди услуги на нафтениот сектор, пишува Волстрит журнал.
