Сорос ги негира обвинувањата: Јас не ја уништувам Македонија
Познатиот бизнисмен и инвеститор Џорџ Сорос ги негира обвинувањата дека се обидува да ја уништи Македонија.
Тој на денешната дебата за интеграцијата на Ромите во Брисел на прашањето на дописникот на МИА вели дека не учествува во уништување на Македонија, како што го обвинуваат многумина во земјава.
- Немам одговор, не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова, рекол Џорџ Сорос на директното прашање дали учествува во кризата и нередите што во Македонија ја создаваат лица што се на платен список на Иинститутот отворено општество.
Тој вели дека фондацијата во земјава ја предводат македонски управен одбор и вработени и тие одлучуваат за политиките кои ќе ги води неговата Фондација.
Јас не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму се содржи од македонски управен одбор, македонски вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата.
