СОРОС: Еврокризата го доведува во прашање опстанокот на Унијата
Милијардерот инвеститор Џорџ Сорос изјави дека должничката криза го загрозува интегритетот на монетарната унија, како и идеалите кои доведоа до основањето на Европската унија (ЕУ), пишува „Bloomberg“.
„Толку убава идеја за заедница на рамноправни држави кои се посветени на заеднички цели е доведена во прашање бидејќи во ЕУ постои поделба. Инвеститорите и кредиторите имаат најголема вина за тоа,“ нагласува Сорос.
Исто така, коментира тој, должничката криза создаде и хуманитарна криза во Грција и тоа мора да биде признаено.
Инвеститорот исто така најави дека за спасувањето на Грците тој е подготвен да одвои сериозни ресурси, дури и ако станува збор за сума која најверојатно не е во неговите финансиски можности.
„Спасувањето на Грција треба да биде заеднички напор на цела Европа“, вели милјардерот.
Според неофицијалните најави кои доаѓаат од Брисел, европските финансиски министри нема да ја одобрат следната транша во износ од 31,5 милијарди евра во спасувачката програма за земјата на следната средба закажана за 12-ти ноември.
Сорос предупредува дека товарот на економската криза во Грција доведе до радикализација на населението и до етнички тензии.
„Емигранти кои се нападнати од неофашистите, треба да добијат заштита. Меѓутоа, ако се обидеме да им помагаме на малцинствата без прво да го решиме проблемот со кризата во целина, тоа само ќе предизвика уште поголема омраза“, предупредува инвеститорот“, предупредува Сорос.
Слично
