СОРАЈА СЕ РАЗБУДИ ВОЗНЕМИРЕНА, исплашена по операцијата
Според српските медиуми, старлетата Сораја Вучелиќ, која неодамна доживеа тешка сообраќајна несреќа, во која се здобила со тешки телесни повреди е оперирана во Хрватска, а благодарение на брзата и адекватна реакција на лекарот, нејзиното закрепнување сега напредува како што треба.
- Сораја дојде во Загреб во многу тешка состојба. Ја префрлиле од авион на операционата маса за да и го спасат животот. Операцијата траела неколку часа, но се поминало добро. Сораја моментално е на интензивна нега, каде е под постојан надзор на лекарите, кои ни рекоа дека полека закрепнува - вели извор близок до старлетата.
Изворот додава дека неговата пријателка за влакно избегнала сигурна смрт, но дека нејзината состојба секој ден е се подобра!
- Лекарите и даваат седативи преку инфузија бидејќи била многу вознемирена кога се разбудила од анестезија. Во моментов има болки, но ќе помине. Најважно е што е жива, со тек на време целосно ќе закрепне – заклучува изворот за „Информер“.
Српските медиуми ја пренесуваат и изјавата на сесрата на Сораја која за медиумите посочила дека се моли за нејзиното здравје.
Имено, сестрата на Сораја, која не се експонира во јавноста, откри дека таа се бори за живот бидејќи има внатрешно крварење во стомакот, кое и понатаму предизвикува компликации опасни по живот.
- Сара има големи повреди во стомакот и затоа дошло до двократното крварење, како што велат медицинските експерти кога станува збор за овие работи. Неколку внатрешни органи се згрутчуваат заедно со слезината, па се јавува оваа појава - изјавила медицинската сестра која открила дека виталните функции на Сораја се уште се загрозени.
Да потсетиме, Вучелиќ доживеа сообраќајна несреќа кога комбе удри директно во нејзиниот автомобил. Од силината на ударот автомобилот бил згмечен, а таа и нејзината другарка биле извадени од автомобилот од пожарникарите. Од Космет заминала за Албанија, а потоа планирала да отпатува за Холандија, а потоа за Германија. Компанијата која ја чекала во Амстердам била загрижена што Сораја не им одговара, не знаејќи дека имала тешка сообраќајна несреќа.
Паралелно со информациите дека старлетата се опоравува по операциајта, дел од српските медиуми јавуваа и за мистерија околу нејзината сообраќајка и локацијата каде таа се лекува.
- Во саботата се појави веста дека старлетата Сораја Вучелиќ наводно имала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија, во која, како што пишуваат медиумите, се здобила со тешки телесни повреди. Беше објавено дека веднаш била лекувана и оперирана во албанска болница и дека нејзиното семејство наводно одлучило со приватен авион да ја префрли во Хрватска, каде повторно била оперирана. Наведено е и дека тамошните лекари прават се што е во нивна моќ да и го спасат животот. Според последните информации од извор близок до старлетата, таа успешно закрепнува и е под постојан лекарски надзор. Сепак, како што пишува Курир, тие стапиле во контакт со трите најголеми државни болници во главниот град на Хрватска: Клиничко-болничкиот центар во Загреб (попознат како Ребро), КБЦ Сестре милосрднице на улицата Виноградска, како и КЦ Дубрава, но добиле информација дека лицето под нејзиното име и презиме, моментално не се лекува во ниту една од тие институции - пишува „Блиц.рс“.
Она што исто така прави мистерија каде е сега Сораја и во која болница е оперирана е тоа што ниту хрватските медиуми не знаат ништо за овој случај, освен што пренесуваат одредени медиуми од Србија. Со едноставно пребарување, дури и на релевантните албански веб-страници, нема вести за оваа наводна сообраќајна несреќа која се случила, како што пишуваат медиумите, кога нејзиниот автомобил директно бил удрен од комбе. Последната вест за Сораја на албанските портали излезе во 2014 година.
Да потсетиме, според некои српски медиуми, од силината на ударот џипот од 190.000 евра бил згмечен, а таа и нејзината другарка биле извлечени од автомобилот од пожарникарите. Од Космет заминала за Албанија, а потоа планирала да отпатува за Холандија, а потоа за Германија. Компанијата која ја чекала во Амстердам била загрижена што Сораја не им одговара, не знаејќи дека имала тешка сообраќајна несреќа.
Фото: Принскрин/Инстаграм
