СОПСТВЕНОСТ ВРЗ ЕЛЕМ И МЕПСО: Владата не смее да биде газда во двете енергетски компании!
Министерството за економија подготвува нов Закон за енергетика, а измените се веќе пратени на мислење во надлежните институции, дознава Фактор.
Со измените, Законот за енергетика, ќе треба да биде усогласен со насоките од Третиот енергетски пакет на Енерегетската заедница. Иако, роковите за усогласување се поминати, сепак очекувањата се дека со последните измени земјата ќе го усогласи домашното законодавство со европското.
Една од насоките во Третиот пакет на Енергетската заедница се дополнителни правила за „раздвојување“ на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Тие се правно, функционално и сметководствено одвоени компании, но проблемот е што сега нема да смеат да имаат ниту ист сосптвеник. А, во моментов и двете компании се во сопственост на Владата. Тоа, не е во согласност со правилата на Енергетската заедница и затоа ќе биде потребно нивно натамошно раздвојување од аспект на сопственоста.
Причината поради која двете компании не ќе може да имаат ист сопственик е затоа што Енергетската заедница бара либерзализација на пазарот на кој сега работи ЕЛЕМ, што значи дека треба да се дозволи влез на останати играчи на овој дел од пазарот.
Но, доколку ЕЛЕМ има ист сопственик со МЕПСО, тогаш останатите играчи ќе бидат во нерамноправна положба, затоа што ќе се смета дека секогаш ЕЛЕМ, за услугите од МЕПСО ќе добива поволности пред другите играчи на пазарот.
Затоа се потенцира дека раздвојувањето на ЕЛЕМ и МЕПСО во однос на сопственоста се бара за да се елиминира судир на интереси во однос на дискриминација за пристап до мрежите за електрична енергија и пристап до информации.
Третиот пакет на Енергетската заедница остава три насоки за раздвојување на ЕЛЕМ и МЕПСО.
Првата е сопственичко раздвојување, што ќе значи јасна поделба на производството и набавката на електрична енергија од операциите за пренос.
Главна карактеристика на сопственичкото раздвојување е дека нема заеднички акционери меѓу производството и снабдување со преносот, а нема ниту заеднички лица во менаџментот. Ова се смета и за фаворизрачко од страна на Европската унија, бидејќи е јасен, ефикасен и стабилен начин да се реши конфликтот на интереси помеѓу производителите, снабдувачите и преносните систем-оператори, а од друга страна се смета дека тоа е најефективниот инструмент за промовирање на инвестициите во инфраструктурата на недискриминаторски начин, фер пристап до мрежата за новите учесници и транспарентноста на пазарот.
Втората опција е Независен оператор на систем (ISO), со која преносот е целосно раздвоен и нема имот на елекричната мрежа.
Третата опција е Независни преносни оператори, (ITO) со која преносот ја и има и електрична мрежа, која таа припаѓа на вертикално интегрираното претпријатие, но важат посебни правила за да ја гарантира неговата независност.
[caption id="attachment_180354" align="aligncenter" width="582"]Според информациите на Фактор, сите три опции сега се вклучени во измените на Законот за енергетика, но, работите ќе треба дополнително да се прецизираат кога ќе мора да се избере еден од моделите. Кој модел за раздвојување ќе го одбере Владата? Неофицијално Фактор дознава дека биле разгледани неколку опции, а една од нив била ЕЛЕМ и МЕПСО да се спојат во Конзорциум, па потоа повторно да се раздвојат, но пресметките покажале дека тоа државата ќе ја чини многу скапо. Отворена е и опцијата, двете компании да потпаднат под различни министерства, но ресорните министри да имаат независнот во одлучувањето, но за оваа опција ќе биде потребен политички договор меѓу партиите на власт. Разгледна била и трета опција. Засега владата нема одлучено кој модел ќе го избере, ниту пак има официјален одговор за тоа кои се опциите што се ставени во игра. Н.С.Насоките на ЕЕЗ[/caption]
Слично

