Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственикот на Jack Daniel’s го одби сопственикот на „Corona“

Сопственикот на Jack Daniel’s го одби сопственикот на „Corona“

Компанијата „Constellation Brands“ во чија сопственост е и познатото мексичко пиво „Corona“ дала понуда за преземање на компанијата Brown-Forman која го поседува и брендот виски Jack Daniel’s.

Веста за понудата прв ја објави CNBC повикувајќи се на упатени извори. Цената не е позната, но наводно од Brown-Forman ја одбиле понудата.

Семејството Brown во чија сопственост се мнозинството акции веќе пет генерации претходно јавно порача како не мисли да ја продаде компанијата.

Brown-Forman на берзата вреди 22 милијарди долари, а по објавата на веста цената на акциите паднала 3,8 посто на 54,93 долари.

Од тие компании одбија да ги коментираат пишувањата додека од „Constellation Brands“ порачаа дека не коментираат гласини.

Слично

Поврзани вести