Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственикот на Делукс Ауто тврди дека не е донатор на СДСМ

Сопственикот на Делукс Ауто тврди дека не е донатор на СДСМ

Бобан Спасовски, сопственикот на Делукс Ауто, фирмата која во последниве 2 години доминира во набавката на автомобили за МВР и Царинската управа, вели дека никогаш не донирал пари за партијата на власт, а за тоа што често победува на тендерите вели дека е поради недостигот на конкуренција.

- Донацијата од 12.000 денари е сервис кој сум го дал како попуст, а тоа се третира како донација. Друга донација и било каква поврзаност со партијата на власт нема. Инпортерот не се јавува на тие набавки во последните година и пол - две. Го користиме тој момент и активни сме на сите јавни набавки. Многу често губиме, но и често добиваме. Се е во законски рамки - вели Спасовски за „Сител“.

За поскапите цени при јавните набавки во однос на тие од каталогот вели дека често државните институции бараат автомобилите од брендот „шкода“ да имаат дополнителна опрема и сервис и затоа вредноста е поголема отколку во каталогот.

Годишно Делукс Ауто продава по 400-тини нови автомобили.

Слично

Поврзани вести