„Нема лојалност од вработените. Тоа ни е повеќе од потребно. Ќе дојдат, ќе ги обучиш, ќе поработат неколку месеци и следува најавата дека одат на работа во странство. Најчесто во Малта и Германија. Лојалноста нам ни е примарна“, вели Велиновски за МКД.мк.
Сопственик на познато скопско кафуле бара украински келнери
Сопственикот на познатото скопско кафуле „Јавна соба“, бара келнери од Украина, бидејќи овдешните заминуваат на работа во странство и не може да го реши проблемот со постојаноста на бројот на работници.
Александар Велиновски веќе работи на тоа да донесе работна сила од Украина и веќе е пред реализација на планот да донесе млади брачни парови од таа земја, да им обезбеди стан и работа за најмалку 3 години.
Слично
