СОПСТВЕНИК ГО НАШОЛ МРТОВ ПОТСТАНАРОТ: Убиство го потресе Радовиш!
Мистериозна смрт синоќа го потресе Радовиш.
Сопственикот го пронашол мртвото тело на младо момче кое живеело под кирија на улица Обрад Цицмил.
Според информациите на Јавно обвинителство се работи за 26 годишен маж со инцијали Ј.Р.
При самиот увид надлежните кај починатото момче констатирале смрт а според пишувањата на одредени медиуми најблиските рекле дека по телото на момчето имало видни повреди и се забележувала насилна смрт.
Медиумот Вест пишува дека најблиските рекле дека работи за класично убиство со умисла, а во одредени медиуми се појавија шпекулации дека се работи за љубовна драма.
Што е точно, останува да ги чекаме резултатите на обдукцијата а од местото на настанот се земени биолошки траги и докази.
Слично
