Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственици на три хрватски компании се најбогатите во регионот

Сопственици на три хрватски компании се најбогатите во регионот

Српскиот „Недељник“ ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат сопственици на три компании од Хрватска.

Според Недељник, најбогати луѓе во регионот се сопствениците на хрватскиот Инфобип Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ, чија компанија вреди 3 милијарди и 307 милиони евра. По нив следуваат Дубравко Гргиќ (3.124.000.000) од Аграм Груп и Мате Римац (3.047.000.000).

По нив следуваат двајцата српски бизнисмени Мирослав Мишковиќ од Делта Холдинг (3.036.779.758) и Миодраг Костиќ од МК Група (2.723.012.075). Мишковиќ, пишува Недељник, годинава стана првиот Србин чии компании, и тоа само на територијата на Србија, вредат повеќе од три милијарди евра.


Слично

Поврзани вести