Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

Кога компанијата е успешна и има одлични перформанси и развојни перспективи, логично е дека раководните лица, а воедно и најголеми акционери, купуваат акции од тоа акционерско друштво. Тоа значи доверба и лојалност кон компанијата на чие чело се главните менаџери.

Еден таков пример е успешната компанија „Алкалоид“, фармацевстки гигант во земјава, чии прв човек Живко Мукаетов се стекнал со 400 обични акции на тоа акционерско друштво.  

„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 400 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, соопшти компанијата преку Македонската берза. 

Акцијата на „Алкалоид“ е една од најтргуваните на Македонската берза, а нејзината цена е речиси секогаш во нагорна вредност, па затоа и оваа компанија е секогаш во врвот според нејзината пазарна капитализација. 

Вчера една акција на „Алкалоид“ имаше просечна цена од 20.689 денари. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести