СОПРУЖНИЦИ КУПИЛЕ ИМОТ И ФАРМА, ИНВЕСТИРАЛЕ 13.000 ДОЛАРИ: Ова била нивната најголема животна лекција по една година
Софи Илер Голди (37) и Роки Голди (50) од Соединетите Американски Држави живееле во пренаменета барака што ја купиле од Хоум Депо пред само две години, која ја претвориле во минијатурен дом. Денес, тие поседуваат имот од речиси 40 хектари во рурален Кентаки, самите реставрираат куќа од 19 век и го живеат животот за кој долго сонувале - во хармонија со природата, без стрес и целосно посветени на себе и на земјата.
„Да не ја запознаев Софи, веројатно ќе завршев во колиба. Отсекогаш сакав да живеам едноставно, но таа имаше поширока визија и ги делевме истите вредности“, рече човекот.
Откако заедно претворија една барака во дом, тие почнаа да бараат свој имот. Знаеја дека сакаат мир, простор и имот со историја. Не го нашле она што го барале на Zilo, но еден локален фотограф ги поврзал со агент кој им го понудил имотот од нивните соништа: 15 хектари, две дрвени куќи од 1840-тите, два амбари и цена од околу 390.000 долари.
„Знаев дека ќе го купиме тој имот пред дури и да стапнеме на него. Беше запуштен, полн со отпад, плевел, па дури и отровен бршлен, но видов потенцијал“, рече тој.
Тие ја затворија купопродажбата на почетокот на 2024 година, со 30-годишна хипотека со минимална месечна рата од 1.790 долари, и планираат да ја отплатат во рок од пет години. Оттогаш, тие не застанаа - го чистат имотот, садат дрвја, ја реновираат куќата и полека го градат животот што го сакаа.
Во првата година, тие инвестирале околу 13.000 долари, претежно во алатки и внатрешна декорација, но најголемата инвестиција била нивната работа. Тие отстраниле стари трупци, отровни растенија и се ослободиле од пајаци - дури и опасни видови како кафеавиот осаменик.
Денес, тие имаат повеќе од 30 животни, вклучувајќи кокошки, кози и мисирки, а од нив добиваат јајца, млеко и прават сирење, павлака и други производи.„Кога ќе се осврнам наназад, таа прва година беше поделена на физичка работа и внатрешна трансформација“, вели Софи.
Вели дека било тешко, но и возбудливо.
