Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопругот на починатата родилка во Гевгелија даде исказ во Обвинителство

Сопругот на починатата родилка во Гевгелија даде исказ во Обвинителство

Пред околу еден месец во гевгелиската болнива починаа родилка и бебе, а денес сопругот и татко на починатите во велешкото обвинителство даде исказ за случувањата таа кобна ноќ.

Со голема болка во душата Мите Кадиев раскажува за она што се случувало таа ноќ кога ги загуби сопругата и нероденето дете, a oд одвинителство соопштија дека е даде налог за вештачење, за да се утврди конкретната одговорност за виновниците за смртта на родилката и нејзиното бебе кои починаа за време на царски рез во болницата во Гевгелија.

Кадиев искажа верба дека на двајцата доктори ќе им се суди за убиство.

Да се потсетиме ...

Катастрофални грешки и небрежност на лекарскиот тим ги однесе во смрт родилката и мртвороденчето во гевгелиската болница.

Обдукцијата и првичните резултати покажале дека родилката, во случајот починатата Маја подолго време била оставена без кислород, била погрешно интубирана неколкупати, односно лекарите анестезиолози повеќепати неуспешно и спуштале црево во дишните органи.

Уште истиот ден по трагичната  вест сопругот ги обвинуваше лекарите-анестезиолози дека биле пијани и се виновни за смртта на Маја.

После неколку дена анализите  на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози а двајцата анестезиолози уште пред една недела добија отказ од работа кога и официјално се потврди алкохолот во крвта.

Директорот на болницата во Гевгелија уште пред да ги добие резултатите одлучи двајцата анестезиолози да бидат суспендирани додека не заврши истрагата и не се утврдат причините за несреќата, а министерот Тодоров побара од Лекарската Комора да им ги одземе лиценците на двајцата пијани анестезиолози од гевгелиската болница.

Слично

Поврзани вести