СОПРУГИТЕ ВРАТЕНИ ВО ТВРДИНАТА: Куќата на Беливук и Миљковиќ има таен ходник, оклопни стакла, шилци и камери од 10.000 евра
Српското обвинителство ги пушти доцна синоќа да се бранат од слобода сопругите на водачите на најозлогласениот клан во регионот, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, како и свекрвата на Беливук кои вчера утрото беа уапсени под сомнение дека переле пари заработени од криминална група од шверц на дрога, киднапирање и убиства. Беливук и Миљковиќ се веќе во притвор.
А од какво богатство овие жени беа префрлени со лисици на рацете?
Српските медиуми пишуваат дека по примерот на бруталниот „земунски клан“ и Вељко Беливук ја изградил својата „тврдина“ во белградската населба Звездара.
Овој „мал Шилер“ има неколку ката излеани во бетон, а поставено е и оклопно стакло. Внатре во куќата, сведочел на пред нивното апсење извор, бил направен таен коридор што ја поврзува оваа зграда со соседната вила, која е во сопственост на неговиот „партнер“ и воедно уапсениот Марко Миљковиќ. Затоа вчераутрото, кога специјалците дошле на врата, таму ги нашле сите осомничени, бидејќи практично живеат заедно.
Куќата на Марко е опкружена со високи ѕидови со шилци, а ја „красат“ безбедносните камери чија индивидуална вредност надминува 10.000 евра. Полицијата вчера ги отстранила камерите и ги однела.
„Кратката улица е целосно покриена со видео надзор, а софтверот е толку чувствителен што ја сигнализира безбедноста на куќата доколку истиот лик двапати се појави пред оваа мафијашка зграда“, вели извор од истрагата.
Инаку можно е куќата да биде срушена од страна на официјалниинституции на Србија
„Кога ќе се исполнат сите законски услови, ќе се планира отстранување на објектот“, изјави тогаш извор за медиумите.
Инаку во рамки на финансиската истрага против кланот Веља Невоља и Марко Миљковиќ, беше утврдено каков имот поседуваат членовите на кланот, а од вчера по налог на Обвинителството за организиран криминал во соработка со СБПОК, беа приведени сопругата на Миљковиќ, сопругата и мајката на Беливук, како и невенчаната сопруга на Филип Ивановиќ. Тие се уапсени под сомнение дека переле пари за криминалната група на Беливук. Во дворот на Миљковиќ бил пронајден блиндиран автомобил БМВ кој полицијата го одзела и ќе биде однесен на вештачење.
