Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОПРУГАТА НА ОЛИВЕР ИВАНОВИЌ: Се знае кој е, и што направил, ова нема да заврши добро

СОПРУГАТА НА ОЛИВЕР ИВАНОВИЌ: Се знае кој е, и што направил, ова нема да заврши добро

Милена Ивановиќ, сопругата на Оливер Ивановиќ кој утрово е убиен во Косовска Митровица, изјавила дека се знае кој и што направил и дека „ова нема добро да заврши“.

„Ми го земаа по втор пат, само овој пат нема да се врати“, им рекла Ивановиќ на новинарите.

На неа и се слошило утрото пред ординацијата кога дознала за смртта на сопругот.

„Грозно ми е, не знам што да кажам, очајна сум. Ова нема добро да заврши, се знае кој е и што направил“, рекла таа, пренесуваат медиумите од регионот.

Имено, утрово во 8:15 часот врз Оливер Ивановиќ е извршен атентат во северниот дел на Косовска Митровица, пред канцеларијата на неговата партија.

Слично

Поврзани вести