СОПРУГАТА ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА, СИ ГО УБИЛ И КУЧЕТО, А ПОТОА СМИСЛИЛ ПРИКАЗНА: На грчкиот пилот Анагностопулос му се заканува доживотен затвор
Во судот во Атина
денеска под силно полициско обезбедување и облечен во панцир пристигна грчкиот
пилот Бабис Анагностопулос кој е
обвинет за убиство на сопругата Каролин Краучн. Пред да го признае грозоморниот чин, кој ја потресе грчката
јавност на 11. мај, Анагностопулос, повеќе од еден месец тврдел дека
неговата сопруга починала при брутален грабеж во домот. Во текот на истрагата, тојизјавил дека нивниот дом бил нападнат од
крадци кои му ја убиле сопругата, а пред да избегаат го убиле и кучето. Сето
ова се случувало додека нивната 11-месечна ќерка спиела.
Подоцна, вештаците утврдиле дека тој со перница ја задушил сопругата, бидејќи му кажала дека ќе го остави, а си го убил и миленикот-кучето, за да му биде приказната поубедлива, но, потоа пилотот го признал убиството.
Анагностопулос е обвинет за тешко кривично дело убиство и злоставување на животно, како и за ладно сведочење и поднесување на лажни полициски пријави за грабеж. Ако биде осуден по сите точки, може да биде казнет со доживотен затвор.
Πουκαμισάκι, 10 άντρες τις οπκε και εκαμ, ξέπλυμα … τελικά, ποιος είναι ρε παιδιά ο flying Babis? Ο πρόεδρος της Δημοκρατίας?#Γλυκά_Νερά pic.twitter.com/IIYlSJb93y
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Твитер
