Сопартијците на Бошкоски бараат негово ослободување
Членови на Обединети за Македонија, симпатизери и поранешни бранители, со мирен протест пред затворот Идризово бараат денеска или утре да биде ослободен Љубе Бошкоски.
Тие сметаат дека Бошкоски треба да биде пуштен од издржувањето казна затвор 90 дена порано, што законски на секој затвореник тоа му следува за добро однесување. Адвокатот Константин Кратовалиев кој е бранител на Бошкоски, влезе во затворот за да види во каква состојба е Бошкоски. Тој ќе го испорача барањето за негово солободување до директор на затворот. Според Кратовалиев сите услови се исполнети и утре Бошкоски да си замине од Идризово.
На Бошкоски 5 годишната казна затвор за незаконско финансирање на изборна кампања му истекува на 6 јуни, но според Законот за извршување на санкциите, директорот може да го пушти на слобода три месеци порано.
Бошковски беше уапсен на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение дека незаконски ја финансирал изборната кампања и во три наврати од загрозениот сведок зел 130.000 евра за незаконско финансирање на кампањата.
Слично
