Сопартијците му откажаа послушност на Ахмети
Лидерот на ДУИ за прв пат откако е на чело на партијата не ја доби поддршката од мнозинството сопартијци која е потребна за промена на државниот грб, пренесуваат медиумите на албански јазик.
На партискиот состанок што синоќа се одржал во седиштето на ДУИ во Мала Речица најблиските соработници на Ахмети изразиле очекување тој да отстапи и да не го поддржи новиот грб бидејќи членовите на ДУИ сметаат дека тој е ист со симболот на партијата ВМРО – ДПМНЕ.
Присутните биле изненадени кога Ахмети извадил писмен договор со премиерот Груевски за грбот по што настанала жестока караница мегу членовите на претседателството и челникот Ахмети.
Најжестоко реагирале неговите сопартијци Гзим Острени, Теута Арифи и Садула Дураку.
Со жестока реакција се огласиле и Џеват Адеми како и Хазби Лика, Нора Алити, Зулфи Адили, Муса Мусаи кои се изјасниле дека нема да гласаат за грбот.
Според информациите од медиумите на албански јазик Ахмети го напуштил состанокот, а одлука не била донесена.
Поддршка за предлогот дале министрите за образование и економија Абдулаким Адеми и Беким Незири.
Денеска од партијата до медиумите беше доставено кусо соопштение во кое се вели во партијата постои согласност да се промени досегашниот грб кој потсетувал на едно комунистичко минато и на влијанието на Советскиот сојуз. Според нив стариот грб лошо се одразувал и врз нашата западна ориентација и стратегиските евроатлански интеграции.
„Централното претстедателство на ДУИ, во проширен состав, со пратениците и министрите, дебатираше за иницијативата за промена на државниот грб, со став дека е потребно да се промени досегашниот грб кој е остаток од едно комунистичко минато и од влијанието на некогашниот Советски сојуз. Став е дека стариот грб негативно се одразува на нашата западна ориентација и стратегиските евро-атланските интеграции. Во конкретниот случај, Претседателството на ДУИ ја истакна потребата за поширока општествена консултација со учество на експерти од областа хералдиката и историјата“.
Слично
