Сообраќајот во земјава се одвива во отежнати зимски услови
Поради остатоци од снег, нови врнежи и нечисти коловозни ленти, сообраќајот во Македонија се одвива во отежнати зимски услови, а речиси сите поголеми патни артерии во западниот дел од државата се затворени за тешки возила.
Забрани за движење на тешките возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар – Струга, Струга – граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Од АМСМ информираат дека поголеми наноси на снег на коловозните ленти забележани се на преминот Стража, а поради ниските температури во ноќните часови забележана е и појава на голомразица.
Според информациите, засега, скопскиот аеродром „Александар Велики“ функционира нормално, а автобускиот и железничкиот сообраќај исто така се одвиваат во зимски услови, но без застои.
Слично
