Сообраќајот се одвива по суви коловози, видливоста кај Сарамзалино е намалена поради магла
Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево e затворен за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планинскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 год.
Поради појава на магла, видливоста кај Сарамзалино е намалена од 30 до 50 метри, а на делницата Велес - Демир Капија од 50 до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Слично
