СООБРАЌАЈНА ТРАГЕДИЈА: Камион усмрти деветгодишно дете
Момче на 9-годишна возраст вчера загина во трагична сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат во селото Сопот.
Несреќата се случи откако, камионот со марка мерцедес, кој бил паркиран покрај патот сам се придвижил и удрил во двајца пешаци.
И двајцата биле пренесени во кумановската болница, каде на малото момче му била констатирана смрт. Триесет и пет годишниот пешак поминал со полесни телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Слично
