Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-КАВАДАРЦИ: Сечеа автомобил да спасат трудница

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-КАВАДАРЦИ: Сечеа автомобил да спасат трудница

Сообраќајните незгоди ширум земјава продолжуваат со несмален интензитет.

Спасена е бремена жена во сообраќајка која утрово се случи при директен судир на две возила во месноста Варниште, на патот Градско-Кавадарци.

Пожарникарите со ножици го сечеле автомобилот за да ја спасат бремената жена, која е повредена во сообраќајната несреќа.

Повредени во несреќата се две сопатнички. Едната е потешко повредена, а бремената жена која исто така била сопатничка  во возилото е во стабилна состојба.

Увидот на лице место  е во тек.

[button color="orange" size="medium" link="Сообраќајни несреќи, ноќни трки, данок во крв на патиштата-До кога?" target="blank" ]http://faktor.mk/2016/08/06/soobrakajni-nesreki-nokni-trki-danok-vo-krv-na-patishtata-do-koga/[/button]

Наместо да се намалува, бројот на изгубени животи на македонските патишта расте. Кампањите на надлежните и фрлените илјадници евра за нив, не го постигнуваат посакуваниот ефект.

Трендот на трки и со автомобили и со мотори во главниот град никако да запре. Најизразени се во доцните ноќни часови а моторџиите се најгласни и најбесни.  Каде е полицијата? Кој треба да ги контролира лудите ноќни возења, и да патролира на најкритичните точки каде се случуваат најмногу незгоди?

Летните месеци се периодот од годината кога патиштата дефинитивно го земаат данокот со најмногу жртви, а главната причина е брзото возење. Возачите никако да се свестат дека нивното несовесно однесување на патиштата е загрижувачко, па со притискањето на педалата за гас и претекнувањето на полни ленти, тие најпрво си го ризикуваат сопствениот живот, а потоа и на сите останати учесници во сообраќајот.

Токму ваков случај, со претекнување на полна лента и вртење полукружно изминативе денови однесе човечки животи во главниот град. Млад мотоциклист беше прегазен во Скопје на булеварот Борис Трајковски во населбата Кисела Вода кога во него удри автомобил, марка „бмв“. По неколку дена во кома, мотоциклистот им подлегна на повредите. Ова не е прв и единствен случај.

Дополнителен проблем е и големиот број на возила кои транзитираат низ нашата земја во летните месеци. Голем дел од нив, најчесто српски туристи не ги  почитуваат сообраќајните знаци и ја пречекоруваат пропишаната брзина, па за жал минатата година на нашите патишта имаше и жртви од соседните земји. Последниот таков случај се одвиваше на магистралниот пат Демир Капија -Удово каде загинаа сопружници од Скопје.

И тој случај, како и многу други претходно, ќе се памети се до доаѓањето на новиот ден. Така е секогаш, на проблемите кои Скопје и Македонија очигледно ги имаат, ни текнува кога падне мртва глава. Од несреќа до несреќа. Оние во кои нема смртно загинати, медиумите не ги следат многу. Многу се, секојдневно… Грозни бројки…

Статистиката црна и немилосрдна-10 пати повеќе незгоди од лани

Слично

Поврзани вести