СООБРАЌАЈКА КАЈ ОХРИДСКО ПЕШТАНИ: Има загинати!
Најверојатно две лица настрадале во сообраќајната несреќа која се случила денеска околу 18 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум над хотелот Десарет кај Пештани.
Според пишувањата на медиумите незгодата настанала во директен судир меѓу комбе и мотор.
Фокус повикувајќи се на информации, од очевицидите возачи, на моторот биле двајца, а неофицијално и тие двајца се загинати. Во моментот телата и моторот се покриени, а полицијата веќе е излезена на терен. Иако, се уште не е потврдено комбето било со странски регистарски таблички.
Сообраќајот на местото на несреќата е во прекин.
Повеќе детали наскоро ...
Данок во крв на патиштата-До кога?
Наместо да се намалува, бројот на изгубени животи на македонските патишта расте. Кампањите на надлежните и фрлените илјадници евра за нив, не го постигнуваат посакуваниот ефект.
Летните месеци се периодот од годината кога патиштата дефинитивно го земаат данокот со најмногу жртви, а главната причина е брзото возење. Возачите никако да се свестат дека нивното несовесно однесување на патиштата е загрижувачко, па со притискањето на педалата за гас и претекнувањето на полни ленти, тие најпрво си го ризикуваат сопствениот живот, а потоа и на сите останати учесници во сообраќајот.
Статистиката црна и немилосрдна-10 пати повеќе незгоди од лани
Само во првите седум месеци од годинава на македонските патишта животот го оставија 85 лица а се регистрирани 1810 тешки сообраќајни незгоди. Имајќи го предвид фактот дека изминатите неколку деноноќиа во сообраќајки загинаа пет лица, бројките се зголемени. За град како Скопје, бројките се навистина алармантни. Не се менува ништо, броиме и забораваме.
Бројот на жртви во првата половина од годинава е за 10 проценти поголем и од лани, кога во истиот период на македонските патишта загинаа 63 жртви.
Најкобна и за домашните и за странските државјани е делницата Удово-Демир Капија. По овој пат дневни транзитираат голем број туристи кои патуваат најчесто на море кон Грција, а зачестени се незгодите во кои виновници се српските државјани кои тргнуваат на пат изморени и ненаспиени во ноќните часови, па кога при изгревањето на сонцето треба најмногу да се внимава се случуваат најстрашните незгоди.
Статистиката на МВР од последниве 4 години, вели дека на годишно ниво најголем број тешки сообраќајни несреќи се случиле во 2013-та со вкупно 198 загинати лица.
2014-та пак се смета за година со историски најмал број згинати и повредени лица во сообраќајќи, кога на македонските патишта имало 130 жртви.
Во текот на 2015 година, на територијата на Република Македонија, случени се вкупно 3.854 сообраќајни незгоди со потешки последици. Најголем број од сообраќајните незгоди се случени на подрачјето на Скопје, односно 1.676 незгоди, а најмалку на подрачјето на СВР Струмица, 248 незгоди. Изминатата година, во сообраќајни незгоди, загинале 148 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 839, додека 5.074 лица, се здобиле со лесни телесни повреди. Анализата покажува дека во 2015 година најлош бил периодот од јуни до септември кога за 4 месеци, 74 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди.
фото Фокус
