СОНУВАВТЕ ЗА СТАН НА ХАЛКИДИКИ: Сега може да си купите за 600 евра по квадрат
Се поголем е интересот за купување стан со поглед на море.
Сега овој сон може да стане реалност.
Во самиот центар на Солун ќе најдете станови во добра состојба за околу 600 евра по квадрат. Ако сте подготвени да се согласите на приземје или дури сутерен, цената ќе биде три пати пониска околу 200 евра по квадрат.
Состојбата е во просек таква што за околу 20-30 000 евра може да си купите сосема пристоен стан од околу 30-квадрати во Грција.
Во моментот во понудата има неколку десетици станови на продажба во Грција , а најмногу огласи се однесуваат на недвижнини во Солун, но и има и станови на приморјето. Да речеме, на Халкидики во понудата има стан од 37 квадрати, еднособен, по цена од 25 000 евра.
Стан од 62 квадрати во местото Агиа Триада може да се пазари за околу 49.500 евра. Или на Макригиалос на 15 минути од море, стан од 27 квадрати може да се купи за 17 000 евра.
Куќи во понудата и до два милиони евра
Ако би купувале куќа, цената зависи секако од локацијата, опременоста, квадратурата, но немојте да ве плашат цените и од по неколку милиони евра. Такви недвижнини во понудата има, но тоа се вили со апартмани за издавање. Листајќи ги огласите може да најдете вила за два милиони евра, но таа има 1200 квадратни метри простор.
Во понудата има и куќа од 60 квадрати на Халкидики, за која е потребно да се издвојат околу 50 000 евра.
Пропратни трошоци, процедури и документација
Што и да одлучите, водете сметка и за правилата, кои се сепак правила на друга држава. Оние кои веќе поминале низ оваа авантура тврдат дека е подобро да се работи со агенти, бидејќи може да се случи пропратните трошкови за недвижнина слични на квадратурата да изнесуваат од 2000 до 5000 евра.
Проценител во просек чини околу 70 евра, а адвокат околу 500 . Не заборавајте дека мора да ангажирате и преведувач околу договорот, што е уште околу 100 евра.
Кога е готово се во Халкидики би требало околу десет дена купената недвижнина да ја укнижите, но и таа процедура се разликува од место до место, па некаде може да потрае и до месец дена или подолго, а чини околу 0,6 одсто од вредноста на недвижнината.
Да речеме сте купиле стан кој чини 30 000 евра и има 40 квадрати простор, еве што уште мора да планирате пред да подвлечете линија и ја добиете конечната цена.
Ќе ве чини данокот на пренос на имот околу 900 евра, а исто толку чини и услугата за нотар. За преведувач уште 100 евра, за книжење 180, а за агенцијата уште 1000. Следи и трошок за приклучок на вода и струја што е околу 250 евра, и данок на имот околу 120 евра. За оваа недвижнина од примерот, ви се потребни речиси 4000 евра.
Слично
