Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК: Заменските наставници спроведуваат екстерно

СОНК: Заменските наставници спроведуваат екстерно
Екстерното тестирање денеска го спроведуваат резервни наставници и комисии. Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека независно на притисоците со кои се соочуваат наставниците и професорите штрајкот денеска продолжи. „Според информации од регионалните претседатели на СОНК, екстерно тестирање денеска се одржува со заменски наставници во некои училишта. Не ни дозволуваат да влеземе и видиме како се спроведува“, вели Неделков. Околу 20 илјади матуранти денеска полагаат екстерно тестирање, но во некои училишта само делумно се реализира тестирањето. Во Битола матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ ги подржаа наставниците и одбија да се појават на тестирањето. Повеќето редовни наставници веќе петти ден се во генерален штрајк откако не успеаа преговорите меѓу Министерството за образование и СОНК. Синдикатот бара зголемување на платите за 25 отсто и укинување на екстерното тестирање во делот на казните. На нивните места се повикани заменски наставници.
Слично

Поврзани вести