СОНК: Вработените во градинките ќе добијат повисоки плати
Повисоки плати за вработениет во градинките, укинување на казните и наградите во делот на екстерното тестирање и речиси укинување на училишните дневници, се работите поради кои СОНК го прекина штрајкот инфопрмира претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
„Со Министерството договоривме исплата на плати по колективен договор, односно, ако неговател сега зема 12.000 денари, платата ќе му се изедначи со наставник во основно образование. Во однос на екстерното тестирање во делот за казни и награди, се усогласивме да има одложена примена, а во иднина казните ќе се намалат“, вели Неделков и дообјаснува дека со министерствата за образование и за финансии ќ продолжат преговори, но дека СОНК ќе бара зголемување на платите зашто се уверени дека платите на нивното членство се најниски во однос на останатите во јавниот сектор.
Слично
