СОНК утре се приклучува на штрајкот со глад на тројцата професори во Штип!
Вкупно 46 професори и наставници, вклучувајќи го и целото раководство на Синдикатот за образование, наука и култура од утре се приклучуваат на штрајкот со глад на тројцата професори од Економскиот факултет во Штип, откако и денеска органите на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на овој факултет не ја спроведоа одлуката на Државниот просветен инспекторат и не го решија прашањето на овие професори.
Здравствената состојба на тројцата професори кои веќе 11-ти ден штрајкуваат со глад постојано се влошува. Тие внесуваат само течности - вода, чај кафе. Веќе ги чувствуваат првите последици - вртоглавица, малаксаност, губење на концентрација.
Во цело ова време додека штрајкуваат со глад, професорите не ги посетил никој од Универзитетот. Напротив, спротивно на законот со кој се штити правото на протест, беа избркани од просториите на факултетот во кој работат и штрајкуваат во синдикалните простории на СОНК.
Слично
