СОНК: Учебната година нема да почне ако не се реши проблемот на професорите кои штрајкуваат!
Синдикатот за образование, наука и култура за 1 август организира масовен протест пред Министерството за образование во Скопје, доколку до тогаш не се реши проблемот на тројцата професори од Економскиот факултет во Штип кои штрајкуваат со глад.
Ваква одлука денеска донел Советот на СОНК, кој заседаваше во Штип за да им даде поддршка на професорите кои гладуваат 15 дена, незадоволни затоа што спротивно од законите и процедурите не им се дозволува напредок во кариерата.
Ако нема одговор од институциите на 1-ви септември ќе бидат затворени и вратите на сите основни и средни училишта.
Од СОНК велат дека за проблемот со кој се соочуваат професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски ќе ги известат сите меѓународни институции.
Слично
