СОНК: Треба ли да плаќаме радиодифузна такса за вакво известување?
СОНК ќе побара промена на законот, повеќе да не се плаќа за радиодифузна такса, незадоволен од начинот на кој МРТВ информира за протестот на СОНК и штрајкот со глад. Членовите на СОНК пред неколку дена се приклучија на штрајкот на професорите, а за на 1 ви август најавија протест пред министерството за образование. СОНК ја разгледува можноста и за генерален штрајк во образованието со почеток од 1 септември.
Во соопштението на СОНК се акцентира начинот на кој медиумите известуваат за штрајкот:
„СОНК ја користи оваа прилика да им изрази јавна благодарност на средствата за јавно информирање кои објективно и редовно информираат за сите значајни активности на нашиот Синдикат, особено во последниов период и го искажува цврстото убедување дека најголемиот дел од јавноста во Р.М. тоа исклучително го вреднува.
За средствата за јавно информирање кои ги игнорираат активностите и случувањата кои се од битен интерес и од значење и за државата, СОНК најблаго кажано, изразува жалење за таквото однесување, особено за медиумите кои се финансираат од законската обврска за плаќање на радио – дифузна такса, како и од дотации од Буџетот на Република Македонија, што значи од даночните обврзници на државата.
СОНК пред Собранието на Република Македонија и Агенцијата за медиуми ќе покрене постапка за преиспитување на законската обврска за плаќање на радио – дифузна такса за да се спречи обврската за плаќање, која се користи за селективно информирање“, се вели во соопштението на СОНК.
Слично
