СОНК: Штрајкот е стопроцентен, продолжува и во понеделник!
СОНК не запира со штрајкот во образованието се додека не бидат исполнети сите барања на овој синдикат.
Имено, од СОНК информираат дека не се штрајкува само во Струмица и Куманово, туку и во други општини низ Македонија и дека некаде штрајкот е стопроцентен.
- Претседателот на СОНК ги спроведува само одлуките на советот на СОНК, односно волјата на синдикалното членство. СОНК не е приватен имот, не е на претседателот, туку СОНК е на членството. Тие што бараат да се престане со штрајкот ќе ги разочарам дека штрајкот нема да престане се додека членството тоа не го побара од Советот и од претседателот на СОНК, истакнал Неделков.
Претседателот истакнал дека наставниците кои штрајкуваат се соочувале со разни притисоци како намалување на плати и парични казни или дека нема да им биде трансформиран работниот однос на тие што работат на определено време.
Тој потенцира дека се прави обид да се донесат заменски наставници и дека тие што се ангажирани немаат соодветно образование за предметите што треба да ги предаваат, а некаде тоа биле училишни психолози, педагози и библиотекари.
Имено средношколците во понеделник во завршна година треба да имаат екстерно тестирање, но Неделков вели дека штрајкот ќе продолжи.
Слично
