Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК: Се прават секакви обиди за минирање на најавениот штрајк

СОНК: Се прават секакви обиди за минирање на најавениот штрајк
Наставници од неколку основни и средни училишта во државава му изразија непослушност на  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура и најавија дека нема да го поддржат најавениот штрајк на пет дена пред активирањто на најавената мерка на СОНК. Според нив штрајкот бил инициран исклучително од лични причини и интереси на СОНК и дека тие сакаат и понатаму да се спроведува екстерното тестирање, иако притоа предвидени се казни и за наставниците. Тие истакнуваат и дека даваат поддршка и за законските измени со кои се предвидува да  се ангажираат нови наставници на местото на оние кои протестираат. „Не сакаме  да дозволиме да бидеме неми кукли  во рацете на тесното раководство на СОНК кои ако сакаа до сега многу пати ќе се избореа за наставниците. Смешно е да си играат со нас  и на секои три месеци да не тераат на штрајк  без јасни концепти“, истакнува Лидија Балџиева, наставник во о.у. Димитар Македонски. Според Балџиева, претседателот на СОНК свесно го испорачал барањето за 25 % покачување на основицата  на платата бидејќи тоа нему ќе му донесело масовност,  иако знаел дека е нереално. Според Јаким Неделков,  првиот човек на СОНК, ова е само обид да се минира штрајот и одлуките на Синдикатот. Најавениот штрајк ресорното министерство го оцени како непродуктивен и најави примена на новиот закон кој предвидува привремена замена на наставниците - штрајкувачи со резервни.  
Слично

Поврзани вести