СОНК размислува за голем генерален штрајк
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Макеонија не ја исклучува можноста во наредниот период повторно да го активира генералниот штрајк поради различните ставови кои останаа да висат неиспеглани во воздух и по три месеци од оформувањето работни групи.
Според претставниците на синдикатот најголем проблем се казните од екстерното тестирање за наставниците и професорите во основните и средните училишта бидејќи допираат директно во егзистенцијата на просветните работници.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, истакна дека доколку до крајот на оваа календарска година не се дојде до конкретни решенија, тие повторно ќе ја активираат одлуката за генерален штрајк во образованието и културата.
„Од 1 до 18 јануари кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука. Нашиот став е многу јасен доколку до 31 декември СОНК по пат на преговори не дојде до задоволителни резултати тогаш ќе се активира одлуката за штрајк, која е ставена во мирување“, нагласи Неделков
Слично
