СОНК ПРЕСЕЧЕ: Генерален штрајк од 29 септември!
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и формално донесе одлука за генерален штрајк во образованието од 29 септември. Одлуката била едногласно донесена на денешниот Совет на Синдикатот.
Сепак, оставаат можност за уште еден обид за разговор со Владата и ресорното Министерство за образование, за исполнување на нивните барања.
Допрва ќе се прецизира формата како ќе се изведува штрајкот, но најверојатно тоа ќе значи дека наставниците и професорите ќе одат на работа, ама нема да има настава. Штрајкот на вработените во образованието ќе трае се додека Владата и надлежните институции не им излезат во пресрет на нивните социјални барања, и се додека не ги повлечат спорните измени во Законот за образование, со кои според синдикатот, грубо се крши Уставот.
Со законски измени Владата предвиде можност во време на штрајк да се ангажираат наставници на замена, што синдикалците го чувствуваат како обид да се изврши притисок и да се обесхрабри штрајкот.
Засега само вработените во високото образование не се изјасниле дали ќе се приклучат на штрајкот. Поддршка очекуваат од добијат од 30.000 членови, вработени во градинките, основното и средното образование и културата.
СОНK бара поголеми плати за вработените во градинките и применување Kолективен договор во делот на платите, поголеми плати за вработените во основните и средните училишта. Синдикатот ќе протестира и поради моделот на екстерно тестирање во основното и средното образование, со кој наставници ќе бидат казнувани или наградувани, поради несклучување Kолективен договор за високото образование и науката, како и начинот на кој се делат платите во високото образование. Забелешките за културата се однесуваат на шестгодишното преговарање со Министерството за склучување нов колективен договор.
Слично
