СОНК не попушта, штрајк ќе има и покрај притисоците!
Откако голем број директори и градоначалници ширум земјава се сретнаа и се произнесоа со ставот дека не ја прифаќаат одлуката на СОНК за генерален штрајк од СОНК за 24 Вести велат дека нема да отстапат од штрајкот најавен за првиот ден од второто полугодие.
Првиот човек на синдикатот Јаким Неделков вели дека барањата на синдикатот се основани и нема да отстапат доколку не бидат целосно исполнети, а за тоа ја имаат и поддршката на меѓународната заедница, пишува 24 Вести.
Неделков за 24 Вести потенцира дека притисоци има и тоа „најчесто доаѓа од општинските власти и одредени партиски приврзаници блиски до власта“.
Ставот на Минсистерството за образование по ова прашање е доколку има штрај, наставниците кои ќе штрајкуваат ќе бидат заменети со привремени.
Слично
