Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК не попушта: Поради штрајкот настава во понеделник ќе нема !

СОНК не попушта: Поради штрајкот настава во понеделник ќе нема !

Јаким Неделковски, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за плусинфо потврдува дека од понеделник основните и средните училишта нема да работата поради најавениот штрајк, и ги повикува учениците да не доааѓаат на настава.

- Децата нема да одат на училиште ако има штрајк, а засега немаме одлука да нема штрајк. Нивните наставници ќе штрајкуваат и не гледам која би била целта да одат на настава. Не дај Боже, сè се случува, па може некое дете да се повреди, кој тогаш ќе одговара? Ние тврдиме дека е повреден законот и треба да има социјален дијалог. Ние три месеци се обидуваме да го воспоставиме тој дијалог, нема слух од другата страна - тврди Неделков за плусинфо.

Од КСС (Конфедерацијата на слободни синдикати) пак велат дека не го подржуваат генералниот штрајк на ц.
- Навистина жално и трагично, сегашната младина и иднината на нашата земја да биде заложник на една однапред планирана ситуација во која најголема штета ќе биде застојот на нивниот воспитно-образовен процес, што пак, ќе предивика бројни други последици. Оние во почетните години на основното образование ќе немаат добра подлога за сите понатамошни образовни предизвици, додека пак, оние во завршните години ќе немаат целосно заокружен процес и подлога за продолжување на високото образование или за настап на пазарот на труд, истакна Лидија Карастојанаова-Андова, претседател на замјоделскиот синдкат на РМ, која доаде дека местото на учениците е во училишните клупи, каде со помош на наставниците го стекнуваат потребното знаење за понатамошен професионален напредок. Тие потенцираат  дека доколку раководството на СОНК не се откаже од намерата за штрајк –учениците ќе останат заложници на личните и себични идеи на еден затворен круг на луѓе кои ги остваруваат сопствените амбиции. И покрај најавениот штрајк единствено во Штипските училишта наставата ќе се одвива нормално. Имено, на денешната средба меѓу градоначалникот на Општина Штип Прим. М – р Илчо Захариев и директорите на сите основни и средни училишта се одлучи најавениот штрајк за 29 септември да не ја попречува наставата. -Наставата мора да продолжи без разлика на тоа дали ќе има или не штрајк, па затоа се апелира до сите родители да ги носат своите даца во училиште бидејќи нема да има никаков прекин во реализирањето на истата – изјави портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, пишува сајтот воштип.мк.
 Наставничите кои ќе го поддржат штрајкот ќе имаат соодветна замена.
Слично

Поврзани вести